Општина Аеродром ќе дава субвенции за набавка на велосипеди и тротинети. Денеска е објавен јавен повик за надоместување на 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице.
Доделувањето на субвенциите ќе биде според принципот прв дојден – прв услужен, a можат да аплицираат жителите на Општина Аеродром кои купиле велосипед или тротинет во 2023, заклучно со 17 октомври, односно до денот кога истекува јавниот повик.