СУПЕРМАРКЕТ ВО АМСТЕРДАМ ПРВ НА СВЕТОТ ЈА ПОЧНА БОРБАТА ПРОТИВ ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА

Амстердам, (Индипендент)

Супермаркет во Амстердам стана прв на светот кој отворил посебен дел, во којшто се продаваат само производи кои не содржат пластика.

Револуционерниот потег е дело на холандскиот синџир на супермаркети „Екоплаза“, при што на полиците се најдоа преку 700 производи што не се запакувани во амбалажа што содржи пластика. Меѓу понудените продукти има месо, ориз, сосови, овошје, зеленчук, житарки и благи.

Еколошката активистичка група „Пластичен свет“, која дојде на оваа идеја, вели дека ова е пресвртен момент во глобалната борба против загадувањето со пластика. Тие ги повикаа и британските супермаркети да го следат овој потег.

Овој проблем дојде во фокусот по емитувањето на документарната серија на Би-Би-Си, „Сина планета 2“, која нагласи колку пластиката ги загадува океаните и го уништува живиот свет, особено големи животни.

Исланд планира да стане првата земја на светот која целосно ќе ја забрани пластичната амбалажа до 2023 година.

Во меѓувреме, „Екоплаза“ најави дека до крајот на годината ќе ја прошири својата акција на сите 74 супермаркети низ земјата.