Седумнаесеттото издание на Танц фест Скопје завршува вечерва во Дом на АРМ со претставата на Французинот Амала Дијанор „Man Rec“ (21 часот) и со „Не ми ги допирај очите“ на македонската кореографка Адријана Данчевска.
Кореографот и танчар со потекло од Сенегал ќе претстави дијалог помеѓу неговите различни потекла преку различни форми на урбани и традиционални африкански танци.
Во 22 часот следи „Не ми ги допирај очите“ во изведба на Дејан Битровски и Данчевска, која се потпишува и зад костимографијата. Претставата е придружена од музика на „Aртефакт“ и „Гордан Спасовски трио“.