ТОМ КРУЗ СКЛУЧИ ДОГОВОР СО „ВОРНЕР БРОС“ ЗА СНИМАЊЕ ФИЛМОВИ

САД, (Ројтерс)

„Ворнер брос Дискавери“ соопшти дека склучил договор со Том Круз за развој и продукција на оригинални и франшизи на филмови во 2024 година. Партнерството со Круз претставува удар за копретседателите на „Ворнер брос“, Мајкл Де Лука и Пем Абди и ја исполнува големата желба на извршниот директор Дејвид Заслав да работи со врвни филмски таленти.

„Склучувањето договор со веројатно најголемата филмска ѕвезда во светот, Том Круз, е многу значајно. Талентот привлекува таленти и секое студио ги промовира своите формални договори со филмски работници и ѕвезди од висок профил“, рече медиумскиот аналитичар на „Комскор“, Пол Дергарабедијан..

Круз, кој играше главна улога во филмови како „Топ ган“, „Последниот самурај“ и „Невозможна мисија“, ќе има канцеларија во Бурбенк, како Клинт Иствуд и Френк Синатра.

Низ неговата петдецениска кариера, филмовите на Круз заработија повеќе од 12 милијарди долари на глобално ниво, заклучно со „Топ ган: Маверик“, кој заработи речиси 1,5 милијарди долари.

(Фото: АФП)