ТРИ КРАТКИ ФИЛМОВИ ПРЕМИЕРНО ВО „КОТУР КАФЕ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК

Кратките филмови „Во плави ноти“ на Јелена Бешир, „Донка“ на Александар Арсовски и „Пепел“ на Ѓорѓи Лазов премиерно ќе се прикажат вечерва од 20 часот во „Котур кафе“ во Скопје.

Анимираниот филм на Бешир, инспириран од „Жена од слонова коска“ од Иво Андриќ, е снимен по нејзино сценарио, а ја отсликува врската помеѓу авторот и нејзината работа, судирот помеѓу реалноста и имагинацијата.

„Донка“ и „Пепел“ се дипломски филмови на Арсовски и Лазов, кои се дел од првата генерација дипломирани студенти на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во „Донка“ играат: Изабела Јакимова, Сандра Танчева, Мелита Софрониоска, Марија Новак, Кирил Гравчев и Александар Ѓорѓиев. „Пепел“ е научно-фантастична приказна која се случува во блиска иднина, а играат Благој Веселинов, Наташа Петровиќ, Јелена Јованова, Драгица Кимовска и Марија М. Грковска.