ТРИОТО „ЏЕНТЛМЕН“ ВЕЧЕРВА ПЕЕ ВО „СВ. СОФИЈА“ ВО ОХРИД ПО ПОВОД 8 МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Вечерва од 19 часот, во црквата „Св. Софија“ во Охрид концерт ќе одржи триото „Џентлмен“, во чиј состав се оперските пејачи Дејан Стоев (тенор), Кристијан Антовски (баритон) и Јане Дунимаглоски (тенор). Kонцертот во чест на 8 Март го организира Охридско лето.

„Претходно најавивме дека Охридско лето нема да биде само во рамките на 40 дена. По успешниот новогодишен концерт, сега организираме осмомартовски, како подарок за сите припаднички на понежниот пол. Сакаме врвната култура да живее преку цела година, со што од една страна го афирмираме фестивалот, а од друга страна, и Охрид и државата во целина. Нудиме квалитет, а тоа го препознава нашата верна публика“, вели директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ.