Украинецот Алексеј Ботвинов, пијанист и продуцент ќе има концерт вечерва на Охридско лето, во 21 часот во црквата „Св. Софија“. Фестивалот го најавува како еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов.
Ботвинов, истовремено е и единствениот пијанист во светот кој на сцена ги има изведено „Голдберг варијации“ на Бах повеќе од 300 пати.
Ботвинов настапувал во повеќе од 46 земји ширум светот.
Во ноември 2015 година, Ботвинов е прогласен за Народен уметник на Украина- највисоко уметничко признание во Украина.