Утре во 12.33 минути, ќе биде пуштен во продажба последниот дел од билетите за 21. издание на Златна бубамара на популарноста, кое ќе се одржи на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Организаторот најавува дека во исто време ќе бидат отворени онлајн продажбата преку www.mktickets.mk и продажбата во „Југотон ГТЦ“.

„Нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е – добрата забава! Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште Борис! Затоа излезете од општествениот притвор и отворете порти за многу подобар живот! Патни трошоци не ви признаваме, а за сѐ друго Че разговараме. И да знаете – колку и да трае Че си седите!“, најавуват организаторите.

Во манир на нивниот хумор, ја повикуваат публиката на добра забава, иако, како што велат, нема чист воздух и подобар живот.

„Чакам те да дојдеш, чакам те сос бујна страст – нова власт, со иста сласт. Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан!“, велат организаторите.