ВАСИЛИЧАРСКИОТ КОНЦЕРТ ВО НОБ ПОСВЕТЕН НА НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

„Најголемите хитови“ е насловен традиционалниот гала концерт во чест на празникот Василица во Националната опера и балет (НОБ). Концертот ќе се одржи на 12 и 13 јануари во 20 часот, под диригенство на Бисера Чадловска.

„Оваа година концертот носи наслов ‘Најголемите хитови’, односно, направен е избор од најдобрите хитови од досегашните Василичарски концерти, со симфониски аранжмани . Публиката ќе има можност да ужива во популарните странски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од Оркестарот“, најавува НОБ.

Билетите по цени од 1.000 и 1.200 денари, во ограничен број се продаваат онлајн и на билетарата на НОБ.
Концертот ќе се одржи спотед протколите за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, и задолжително е носење на заштитна маска.