Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес доби донација од 50 наслови од руски автори преведени на македонски јазик, како и оригинални дела на руски јазик. Донацијата е од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.
„Благодарение на оваа донација, фондот на библиотеката се збогати со наслови од познати руски автори“, кажа директорката Снежана Бошевска.
На средбата се разговарало и за воспоставување културна соработка помеѓу секторот за култура при руската амбасада и велешката библиотека. Пред еден месец, и полската амбасада во Скопје ѝ подари 50-ина книги од полски автори преведени на македонски јазик.
П. ПЕЧКОВ