ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР ГОСТУВА ВО БЕОГРАДСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ СО „НЕМА СТРУЈА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИОТ СТОЛ“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

На 29 ноември, велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ гостува во Београдско драмско позориште (БДП) со претставата „Нема струја за електричниот стол“.

Претставата е работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов, а режисер е Дејан Пројковски. Во дуодрамата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелатот. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо се на Сашко Костов. Претставата ќе се одигра на големата сцена на БДП „Оливера и Раде Марковиќ“.

Гостувањето е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се БДП, Српско народно позориште од Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“ од Нови Сад и Велешки театар.

П. ПЕЧКОВ