ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ЈА ОДРЖАА 9. ПАРАДА НА МИРОТ ПОД МОТОТО „КРАЈ НА РАСИЗМОТ, ДА ГРАДИМЕ МИР“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)
KODAK Digital Still Camera

Под мотото „Крај на расизмот, да градиме мир“, во шест македонски града се одржа Парадата на мирот, во организација на Првата детска амбасада Меѓаши. Во Велес учествуваа неколку стотина гимназијалци со пароли кои повикуваат на мир.

Во Велес не само учениците, туку и останатите граѓани ја препознаваат оваа парада и се приклучуваат кон неа во ова турбулентно време. Војната не е само опасност по опстојувањето на светот, туку и по децата, кои страдаат како невини“, кажа Драги Змијанац, претседателот на Меѓаши.

Во Велес, парадата ја организира гимназијата „Кочо Рацин“, а годинава се приклучија и ученици од Хемиското училиште. Освен во Велес, се одржа и во Виница, Македонски Брод, Гостивар, Дебар и Скопје.

Велешката гимназија, која е најстара во Македонија, е единствената која ги има организирано сите девет досегашни паради на мирот.

П. ПЕЧКОВ