Претстојните Летни олимписки игри во Токио би можеле да бидат први кои ќе се одржат во „снежни“ услови, бидејќи организаторите тестираат нови методи на разладување на гледачите.
Нивната иновација се состои од вештачки снег, за кој организаторите се надеваат дека ќе го направи гледањето на некои натпревари попријатно, имајќи предвид дека просечната температура во Токио во јули е 35 Целзиусови степени, а влажноста е околу 80%.
Ова беше тестирано во водениот парк во којшто ќе се одржуваат натпревари во веслање и кану, при што врз трибините биле испуштени 300 килограми вештачки снег. Со цел да се намалат трошоци, половина од трибините во овој парк останаа непокриени, па постојат грижи дека гледачите би можеле да претрпат топлотен удар.
Сепак, резултатите не биле очекувани, имајќи предвид дека температурата и по снегот останала иста – 25,1 степен.
„Резултатите не беа какви што очекувавме, но машината има и други предности. Таа треба да помогне во освежувањето на публиката, но тука е и забавниот фактор. Ова беше само проба, но можеби ќе ја употребиме“, изјави Такаши Окамура, шефот на комуникациите во Организацискиот комитет.
Токио имаше многу топли лета во последните години, што правеше проблеми на некои спортски манифестации.