ВО 2023 ЌЕ СЕ ЗНАЕ ПОБЕДНИКОТ НА ГОДИНАШНИОТ МАКФЕСТ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Публиката цела година ќе одлучува која песна била најслушана до следното издание на Фестивалот на забавни мелодии Макфест во Штип.

 

Триесет и седмото издание на фестивалот заврши синоќа, а новина е што оваа година фестивалот немаше натпреварувачки карактер. На ревијалната вечер синоќа се слушнаа 18 песни на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, каде што по две години поради пандемијата се врати во оваа сала.

 

Новина е што публиката во текот на годината ќе одлучи која песна ќе биде најслушана, а на 38.издание на Макфест во 2023  ќе се додели парична награда.
На ревијалната вечер се слушнаа новите песни на Тамара Тодевска, Ален Исламовиќ, Ламбе Алабаковски, Викторија Лоба, Мартијан Кириловски.