ВО АФРИКА Е НОРМАЛНО ДА СЕ БИДЕ НА ВЛАСТ ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ

Хараре, (АФП)

Роберт Мугабе не дозволи да биде сменет од парламентот и денеска поднесе оставка од функцијата претседател на Зимбабве.

Со 93 години, тој беше најстариот шеф на една држава во светот, а имајќи предвид дека на функцијата беше од 1980 година, тоа го правеше втор најдолговечен лидер во Африка.

  • Актуелниот рекорд го држи Теодоро Обијанг Нгуема, кој дојде на власт во Екваторијална Гвинеја со државен удар во 1979 година. На ланските избори го доби петтиот седумгодишен мандат.
  • На второто место сега се проби Пол Бија, кој го води Камерун од ноември 1982 година, откако седум години беше премиер.
  • Денис Сасу Нгуесо е веќе 33 години претседател на Конго, но не одеднаш: прво од 1979 до 1992 година, па повторно дојде на власт во 1997 година и лани уште еднаш беше реизбран.
  • Јовери Мусевени е лидер на Уганда 31 година. Лани во февруари го доби петтиот мандат.
  • Мсавати Трети е последниот апсолутен монарх во Африка. Тој го наследи тронот на Свазиленд во април 1986 година.
  • Повеќе од 20 години владеат и Омар ал-Башир во Судан (28), Идрис Деби во Чад (27) и Исајас Афеверки во Еритреја (24).
  • Апсолутниот рекордер во Африка е Хајле Селасие, кој беше на власт во Етиопија 44 години, па следуваат Моамер Гадафи (Либија, 42 години) и Омар Бонго Ондимба (Габон, 41).