ВО АРГЕНТИНА ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ ОД МАЛ ОКЛОПЕН ДИНОСАУРУС КОЈ ЖИВЕЕЛ ПРЕД 100 МИЛИОНИ ГОДИНИ

Буенос Аирес, (Ројтерс)

Палеонтолозите го објавија откритието на претходно непознат мал оклопен диносаурус во јужна Аргентина, кој одел исправено на задните нозе пред околу 100 милиони години.

Диносаурусот од периодот креда наречен Jakapil kaniukura бил добро заштитен со коскен оклоп долж вратот и грбот, па сè до опашката. Бил долг 1,5 метар и тежок меѓу четири и седум килограми, слично на домашна мачка. Неговите фосилизирани остатоци биле ископани близу брана во Патагонија во палеонтолошката зона Ла Буитрера.

Научниците рекоа дека јакапил претставува прво откритие на оклопен диносаурус од кредскиот период во Јужна Америка. Водечкиот палеонтолог Себастијан Апестегуја и неговите колеги пронајдоа делумен скелет на јакапил, заедно со 15 фрагменти од заби со форма на лист, слични на забите на игуана.