БАРДИ ЈА НАПУШТИ ШПАНИЈА ПО ПЕТ ГОДИНИ И ПОТПИША ЗА ТУРСКИОТ ПРВАК ТРАБЗОНСПОР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди по пет години го напушти Леванте и ќе ја продолжи кариерата во дресот на турскиот првак Трабзонспор, со што ќе има можност да заигра во Лигата на шампионите.

Турскиот клуб објави дека Леванте, кој испадна во втората шпанска лига, ќе добие три милиони евра за предвременото раскинување на договорот на Барди. Тој потпиша тригодишен договор со Трабзонспор, со годишна плата од 1,3 милиони евра.

Дваесет и седумгодишниот Барди се промовираше во еден од најдобрите играчи на Леванте откако пристигна од унгарски Ујпешт во 2017 и за пет сезони постигна 23 гола на 148 средби во шпанското првенство.