Научниците објавија дека откриле совршено зачуван ембрион на диносаурус кој тукушто требало да излезе од јајцето, слично како кокошките. Ембрионот е пронајден во јужна Кина и се проценува дека е стар најмалку 66 милиони години.
Се верува дека станува збор за беззаб теропод или овирапторосаурус. Научниците го крстиле Бебето Јинглијанг и измериле дека е долг 27 сантиметри.
„Ова е најдобриот ембрион на диносаурус во историјата“, изјави истражувачот Фион Ваисум Ма.
Откритието дава подобро разбирање за врската помеѓу диносаурусите и модерните птици. Фосилот покажува дека ембрионот бил во свиткана позиција и вакво однесување се гледа кај птиците непосредно пред да се изведат.
„Ова укажува на тоа дека ваквото однесување кај модерните птици прво потекнало и еволуирало од нивните предци диносауруси“, додаде Ма.
Овирапторосауруси биле диносауруси со пердуви кои живееле во денешните Азија и Јужна Америка во периодот пред 100 до 66 милиони години.