Бројот на нови случаи на коронавирус во Македонија за првпат отиде над 400, како што пандемијата добива нов голем замав низ цела Европа и многу држави бележат дневни рекорди.
- Во изминатите 24 часа се регистрирани 445 нови случаи на зараза од направените 2.080 тестирања.
- Најмногу од нив се во Скопје – 249, па следуваат Струмица со 36, Прилеп со 25 и Тетово со 16.
- Претходниот рекорд од 386 новозаразени е забележан на 9 октомври.
- Од почетокот на епидемијата во Македонија има 21.636 заразени.
- Ковид-19 однесе уште девет животи во земјата, со што вкупната бројка порасна на 809.
- Бројот на активни случаи се искачи на 4.236, од кои речиси половина се во Скопје.