ВО МКЦ ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ СО ХИТОВИ НА ЕСМА РЕЏЕПОВА ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОД НЕЈЗИНОТО РАЃАЊЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утревечер (22 ноември) од 19 часот, во киното Фросина во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи сценско-музичкиот настан „Во спомен на Есма за незаборав”.

Настанот се организира по повод 80 години од раѓањето на Есма Реџепова-Теодосиевска, а нејзини хитови ќе пеат Сузана Гавазова, Анета Љумаковска, Рамадан Бислим Рамко, Ервин Аметовски, Бернат Демирали и Харија Бислим, во придружба на оркестарот „Титаник“.

На настанот ќе се прикаже и кус документарен филм за Есма, во продукција на телевизијата „БТР“. Организатори се хуманитарната организација „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ и Зоран Димов, сопственикот на телевизијата која го сними документарецот.

Есма Реџепова е родена на 8 август 1943 во Скопје, а почина на 11 декември 2016. Влезот на настанот е слободен.