ВО САХАРА ОТКРИЕНИ НАЈБРЗИТЕ МРАВКИ НА СВЕТОТ

Улм, (Гардијан)

Песочните дини во северна Сахара се дом на најбрзите мравки на светот, објавија научниците.

Овие мравки можат да се движат по врелиот песок со брзина од речиси еден метар во секунда, што е рамно на трчањето на домашна мачка од 190 километри на час. Додека забрзуваат, овие мравки сите шест нозе во ист момент ги одлепуваат од песокот.

„Тие буквално летаат низ воздухот без да го допираат песокот, што се случува дури и при релативно помали брзини“, вели Сара Фајфер од Универзитетот во Улм, Германија.

Постои добра причина зошто сахарските сребрени мравки еволуирале во вакви тркачи. За разлика од останатите пустински суштества, тие бараат храна во текот на денот кога е најголема жештина, а песокот е најврел. На нив им требаат импресивни навигациски способности и брзина за да преживеат на температура од 60 Целзиусови степени.

На рамно, овие мравки поминуваат 85,5 сантиметри во секунда во 47 чекори, што е десет пати побрзо од темпото на најбрзиот човек во историјата Јусеин Болт.