ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НАТПРЕВАР ВО БРЗО МЕСТЕЊЕ НА РУБИКОВА КОЦКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопје ќе биде домаќин на натпревар во брзо местење на рубикова коцка. Настанот наречен Cubing Returns Skopje 2021 ќе се одржи во просториите на „Сопро“ на плоштад Македонија на 21 и 22 август, а бројот на учесници ќе биде ограничен на 40. Пријавувањето ќе биде отворено од 31 јули.

Натпреварот го организира Македонската кјубинг асоцијација, а е поддржан од Светската кјубинг асоцијација.

Македонските кјубери неодамна настапија на балкански натпревар во Белград, каде што поставија низа национални рекорди.