Вечерва во 17 часот, на паркингот пред арената „Борис Трајковски“ започнува 13. издание на фестивалот на виното ВиноСкоп, кој ќе трае до сабота.
Од 17 до 19 часот ќе се одржуваат забави со промотивни цени на виното. Во музичката програма ќе настапат Пајак, „Офкестра“, „Брас брадрс“ „Фолтин“, „Максимовски јунајтед“, „Калата“, Миле Кузмановски, Елена Ристеска, Нино Величковски, Сале Певац, „Баклава“, Дани Димтровска, „Куку леле“, „Алис ин Вондербенд“, „Љубојна“, Дац и Александар и други.
На ВиноСкоп ќе има над 40 македонски винарии и гурманско катче, а влезот е бесплатен за сите посетители.