ВО СКОПЈЕ ЗАПОЧНА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЛАТИНО ТАНЦИ, ЌЕ ТРАЕ ДО 10 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во хотелот „Александар палас“ во Скопје започна Светското првенство во латино танци и ќе трае до 10 ноември. Учествуваат над 2.000 танчари од 22 земји, кои се натпреваруваат во повеќе категории, како соло изведби, рутини за парови и групни настапи.

Организатори на настанот се танцовите студија „Ит д бит“ и „Брејк а лег“.

„И покрај културните разлики помеѓу земји-учеснички, сигурни сме дека страста и љубовта кон латино танците е заедничкиот јазик кој ги спојува и зближува сите земји. За нас е голем предизвик да се создаде ваква платформа, каде што светот ќе ги види квалитетот и вложениот труд на 22 земји-учеснички во Скопје“, изјавија организаторите.

(Фото: Фејсбук)