ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ЈА СПРЕМА КУКЛЕНАТА ПРЕТСТАВА „МУЗИКАТА НА МОЈАТА ПТИЦА“

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Во Театарот за деца и младинци почнаа пробите за новата куклена претстава под работен наслов „Музиката на мојата птица”. Претставата се работи по мотиви од романот на Ања Анисимова.

Режисерка е Емилија Мрдаковиќ од Нови Сад, а драматург е Драгана Лукан-Николовски.

Во новата куклена претстава ќе играат Матеа Јанковска, Ана Левајковиќ-Бошков, Владимир Лазовски и Мартин Јорданоски.