ВО ВЕЛЕС ИЗЛОЖЕНИ ДЕЛАТА ОД 27. ЛИКОВНО-КЕРАМИЧКА РАБОТИЛНИЦА ОРГАНИЗИРАНА ЗА ДЕЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Во Европската куќа во Велес се изложени делата од 27. Меѓународна ликовно-керамичка работилница, која ја организира основното училиште со ресурсниот центар „Маца Овчарова“ во Велес. Изложбата е по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Темата на работилницата беше „Екологија’“ и е со инклузивен карактер за ученици со попречености од посебните основни училишта во земјава и за ученици од редовните основни училишта во Велес. Победничка на работилницата беше Дарија Трајкова од ОУ „Васил Главинов“ во Велес.

Трета година по ред, работилницата е со меѓународен карактер и учествуваа и основци од Србија, Турција и Грција. Гостин на изложбата беше евроамбасадорот Дејвид Гир.

П. ПЕЧКОВ