ВОДАТА ВО КАНАЛИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈА СЕ РАЗБИСТРИ ДОДЕКА ИТАЛИЈА Е ВО КАРАНТИН

Венеција, (Си-Ен-Ен)

Додека коронавирусот продолжува да го обзема светот, пандемијата има и некои неочекувани споредни ефекти.

Венеција, еден од најпосетените градови во Европа, вообичаено е преполна со туристи преку цела година, но Италија сега е во карантин, па нејзините улици се празни. Локалните жители велат дека водата во градските канали станала многу почиста што цели јата риби пливаат наоколу.

(Фото: Гети)

„Останете дома, природата се заблагодарува“, напиша локалната жителка Марија Ланаро на Инстаграм.

Сепак, од кабинетот на градоначалникот на Венеција велат дека водите изгледаат прочистено од друга причина.

„Водата изгледа побистро бидејќи има помалку сообраќај во каналите, што овозможува талогот да остане на дното. Квалитетот на водата можеби не е подобрен, но дефинитивно има помало загадување на воздухот“, изјави портпаролот на градот.