АНТАРКТИК Е ЕДИНСТВЕН КОНТИНЕНТ БЕЗ КОРОНАВИРУС

Лондон, (Би-Би-Си)

Коронавирусот досега се прошири во најмалку 164 држави и територии, но еден континент засега не е погоден.

Станува збор за Антарктик, каде што, покрај неброено многу пингвини, престојуваат и неколку меѓународни тимови на истражувачи. Засега, никој од нив не покажал симптоми, ниту има заразени.

Британските истражувачи одат во 14-дневен карантин пред да тргнат за јужниот континент и постојат планови за непредвидени ситуации ако дојде до нарушување на снабдувањето на станиците. Годишно низ овие станици поминуваат околу 1.000 истражувачи од цел свет, а најблиската болница со интензивна нега се наоѓа илјадници километри подалеку во Чиле.

На Северниот Пол, Гренланд го пријави првиот случај на КОВИД-19 во понеделникот.