ВОЕН ВЕТЕРАН БЕЗ НОЗЕ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ИСКАЧИ МОНТ ЕВЕРЕСТ

Непал, (Гардијан)

Поранешен непалски војник кој ги изгубил двете нозе служејќи во британската војска во Авганистан ќе се обиде да стане првиот човек со двојна ампутација кој го искачил Монт Еверест.

Хари Буда Магар, кој имал самоубиствени мисли откако по медицинска основа бил отпуштен од војската во 2010, работи со непалски тим кој ќе го искачува највисокиот врв на светот во мај. Иако ќе носи специјални ногарки за качување опремени со греалки на батерии за да се спречат смрзнатини, 43-годишниот Магар во суштина ќе ползи по Еверест, користејќи ги рацете. Тој проценува дека ќе му биде потребно трипати повеќе време да стигне до врвот од вообичаено.

Двајца планинари со ампутирани потколеници го имаат искачено Монт Еверест, но качувањето без колена се смета за значително потешко.

Меѓу врвовите кои Магар ги искачил досега се Мон Блан и Килиманџаро, како и Мера во Непал, висок 6.476 метри.

Тој служел во британската војска 15 години, што завршило кога во 2010 згазнал на мина во Авганистан.

(Фото: Гардијан)