ЗАЕВ В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ЈА ДОЗНАЕ ПРЕСУДАТА ЗА СЛУЧАЈОТ „ПОТКУП“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Премиерот Зоран Заев в понеделник ќе ја дознае пресудата за предметот „Поткуп“, во којшто се товари дека примил награда за службено дејствие, што секако бил обврзан да го направи како градоначалник на Струмица.

Обвинителството за организиран криминал претходно го смени обвинението, кое првично гласеше примање поткуп од 164.000 евра, за што е предвидена и значително повисока затворска казна.

  • Зоран Заев првично беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од околу 164.000 евра од бизнисменот Иван Николов за градежно земјиште во Струмица.
  • За време на сведочењето, Николов призна дека тој лично го снимал Заев кога разговарале за приватизацијата на градежното земјиште.
  • Обвинителката Валентина Бислимовска заклучи дека од доказите не се гледа дека Заев земал поткуп и го преиначи обвинението во земање награда за службно дејствие, за што може да се добие казна од една до пет години затвор.
  • Пресудата ќе биде соопштена в понеделник на пладне и Заев кажа дека „ќе почитува секоја судска пресуда, каква и да биде“.

Во Основниот суд Скопје 1 продолжи и судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на упадот во Собранието на 27 април лани.

  • Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, сведочеше за случувањата од 27 април.
  • Ѓорчев ги бранеше пратениците на СДСМ и ДУИ во прес-салата, при што го евакуирал тешко повредениот Села.
  • Ѓорчев кажа дека Села бил изнесен низ собраниските гаражи, откако претходно ја дознал неговата крвна група, за да бидат подготвени во болница.