ЖИВКО ГРОЗДАНОСКИ ВО СОФИЈА ЈА ПРОМОВИРА КНИГАТА „ПОСЛЕДНОТО ИМЕ НА ИДНИНАТА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 4 јули во Културно информативниот центар на Македонија во Софија ќе биде промовиран романот „Последното име на иднината“ од македонскиот писател Живко Грозданоски. Книгата во 2018 ја издаде „Антoлог“.

За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот.

По „Куфер за тројца“ („Или-или“, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во 2017, „Последното име на иднината“ е вториот роман на Грозданоски преведен на бугарски јазик. Грозданоски од неодамна е претседател на Друштвото на писатели на Македонија.