Зоолошката градина во Скопје доби еколошки миниавтобус, со кој ќе се организираат едукативни тури и прошетки во текот на зимата.

Електричниот автобус е донација од фирмата „Брегал ДОО“ од Делчево. Има капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе може да поминува до 80 километри.

„Во моментов, автобусот се брендира со слика на животни и очекуваме за неколку дена да почнат турите низ Зоолошката. Ова е прво еколошко возило кое го имаме, но во иднина, во план е замена на сите возила со електрични“, велат од Зоолошката градина.

Од овој месец, па до март, работното време на Зоолошката градина ќе биде од 9 до 16 часот.

Во Зоолошката почна акција на чистење на езерцата, кои, како што велат надлежните, не биле исчистени со години.

А. АНТЕВСКА