„Златна двојка“ на Холанѓанецот Марсел ван Устен е прогласена за најдобра фотографија со диви животни, на светскиот избор што го организира Музејот за национална историја на Велика Британија.
Фотографијата на мајмуните со крзно со боја на злато е сликана во шума во Кина, нивната природна средина.
„Фотографијата е симболичен потсетник на убавината на природата и колку ние осиромашуваме како што таа се уништува“, изјави претседателот на жирито Роз Кидман Кокс.