БРОЈОТ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ ВО ЛОНДОН СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 50% ЗА ДВЕ ГОДИНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Бројот на луѓе кои користат велосипед во Лондон се зголемил за повеќе од 50% во изминатите две години, што помогнало да се подобри квалитетот на воздухот во централниот, финансиски округ.

Според официјални податоци, во октомври 2024, 139.000 луѓе на ден возеле велосипед во историскиот центар на Лондон, во споредба со 89.000 во 2022.

„Тоа значи дека во текот на денот, на улиците имало речиси двојно повеќе велосипеди од автомобили“, кажаа градските власти.

Порастот на велосипедизмот се совпаднал со намалувањето на сообраќајот на возила за 5% од 2022 и со подобрувањето на квалитетот на воздухот во областа. Градот го поттикна возењето велосипед така што воведе нови патеки и рути и ја прошири шемата за изнајмување велосипед.

(Фото: Гети)