Лекарите во Брисел ќе можат да препишат посета на музеј во рамките на тримесечното тестирање за обнова на менталното здравје во пандемијата на коронавирусот.
На пациентите кои се лекуваат од стрес во болницата „Бругман“, една од најголемите во Брисел, ќе им бидат понудени бесплатни посети на пет државни музеи кои покриваат најразлични содржини. Резултатите од пилот-проектот ќе бидат објавени следната година и иницијативата ќе продолжи ако се покаже успешна во лекувањето на симптоми како прегореност и други форми на психолошки нарушувања.
„Нашата иницијатива е инспирирана од шема во Квебек во Канада, каде што лекарите можат да препишат до 50 посети на музеи годишно. Во нашиот случај, оваа терапија ќе се препишува и на поединци и на групи. Ковид кризата и психолошките проблеми што ги предизвикува ја потврдија важноста на ваков проект“, изјави Делфин Уба од градската управа на Брисел одговорна за култура.
Таа се надева дека во иднина, и приватни културни установи ќе се придружат на иницијативата.