ЛЕТОНСКАТА ВЛАДА ИМ ДОЗВОЛУВА НА УЧИЛИШТАТА ДА ДРЖАТ ЧАСОВИ НА ОТВОРЕНО

Рига, (АФП)

Во областите со ниско ниво на зараза, Летонија им дозволува на училиштата да држат часови на отворено и иницијативата се покажа толку популарна, што некои се надеваат дека ќе остане.

Во предградието на Валмиера во северна Летонија, група од 30 деца на возраст од 10 и 11 години имаа час по театар меѓу расцутени грмушки и дупки од кртови, што беше следено од час кој комбинира спорт и математика, така што трчаат и учат како да ја пресметаат својата просечна брзина.

(Фото: АФП)

„Часовите на отворено се покажаа попродуктивни одошто претходно мислевме. Размислувам да ги оставам во мојот распоред и откако ќе помине пандемијата“, вели Андрига Лозда, наставничка по театар.

Владата ги охрабрува училиштата да држат настава под отворено небо, што се гледа како начин на справување со стресот по долги месеци учење од далечина.

„Учењето од далечина ги исцрпи сите, и наставниците и учениците и родителите. Од септември работев 14 часа на ден и се чувствувам прегорено“, вели наставничката Агија Карклина.

Надворешните класови се дозволени во областите каде што стапката е под 250 заразени на 100.000 жители. Во повеќе од половина од општините, вклучувајќи го и главниот град Рига, дозволено е само учење од далечина.