ПЕТ СОВЕТИ НА ЕНТОНИ БУРДЕН ЗА ЈАДЕЊЕ НАДВОР

Лондон, (Би-Би-Си)

Ентони Бурден беше познат по тоа што секогаш јавно го кажуваше своето мислење и како таков, имаше големо влијание врз навиките за јадење на луѓето од целиот свет. Низ книги и ТВ-серии, тој немаше проблем да дава и совети.

Ова се петте негови совети за јадење надвор, листа која беше пофалена од голем број критичари.

1. Најдобар ден за јадење надвор е вторник

„Генерално, најдобрите работи доаѓаат во вторник: морската храна е свежа, залихата на подготвена храна е нова и готвачот е опуштен по ден одмор (повеќето од нив не работат во понеделник)“.

2. Нарачување добро печен стек е ризик

„Тврдо парче стек во ресторани обично се чува за оние кои го сакаат месото добро печено. Вакви муштерии, всушност, плаќаат да го јадат нашето ѓубре. Во многу ресторани постои практика ‘чувај за добро печени‘. Тој што нарачува таква храна нема да може да направи разлика помеѓу храна и отпадок“.

3. Избегнувајте ресторани со фотографии

„Кога сте во странска држава, многу нешта можат да се заклучат за ресторанот врз основа на гостите и презентацијата. Најдобро е да одите во места во коишто излегуваат локални луѓе. Нема фотографии од храната, нема мени на англиски и тука јадат луѓе кои изгледаат како често да доаѓаат. Во Њујорк отиде таму кадешто јадат њујорчани“.

4. Валкани тоалети се во ред

„Порано мислев дека валкан тоалет е знак дека ресторанот треба да се избегнува. Потоа ја дознав спротивната вистина. Некои од најдобрите јадења сум ги имал токму во таквите ресторани. Тие знаат што е добра храна и тоа е доволно“.

5. Авионската храна е ужасна

„Храната никако не може да биде толку добра. Во најдобар случај ќе може да се јаде, но имајќи ги предвид условите во коишто работат, не можат многу повеќе да направат. Исто така, секоја храна во воздух има поразличен вкус од онаа на земјата“.