ПОМАЛКУ ЗДРАВАТА ХРАНА Е ПОЗДРАВА ЗА МОЗОКОТ И МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

Лондон, (Вашингтон Пост)

Повозрасните луѓе кои не се пребирливи со јадењата се чини дека имаат подобро ментално здравје од оние кои се на поограничени диети, според ново истражување.

Истражувањето ги следело навиките за исхрана на речиси 182.000 постари возрасни лица во Британија. Студијата беше невообичаена зашто наместо да се фокусира на здравствените ефекти од одредена диета, ја испитуваше врската помеѓу храната што ја сакале и не ја сакале поединците и нивните ментална благосостојба и когнитивно здравје. По анализирањето на податоците, истражувачите забележале тренд: луѓето кои сакале разновидна храна и вкусови имале подобри ментално здравје и благосостојба и подобри когнитивни тестови од оние со ограничена исхрана.

Истражувањата велат дека рестрикциите во исхраната како вегетаријанска исхрана или диета богата со протеини  можеби не секогаш се најдобри за здравјето. На луѓето им е потребна поурамнотежена исхрана за да бидат поздрави, рече Џијанфенг Фенг, еден од водачите на истражувањето, кој работи во Институтот за наука и технологија на Универзитетот во Шангај и на Универзитетот во Ворвик.

Волонтерите пополниле прашалник, рангирајќи ги нивните преференции за 140 видови храна и пијалак. Рангираната храна била поделена во 10 категории.

Фото: Фрипик

Истражувачите откриле дека 57% од испитаниците покажале предност во сите 10 категории на храна, додека другите биле попребирливи. Некои од наодите се во спротивност со конвенционалната мудрост за здравата исхрана. „Поединци кои сакаат овошје и зеленчук повеќе од храна богата со протеини покажале зголемена подложност на симптоми на анксиозност, депресија и други форми на ментална вознемиреност“, рече Фенг.

Во студијата, истражувачите ја опишаа урамнотежената исхрана како диета која вклучува зеленчук, овошје, житарки, јаткасти плодови, семки, мешунки, умерено млечни производи, јајца и риба.