Психијатарот и експерт за мозочни нарушувања, д-р Даниел Амен, вели дека постојат нешта кои треба да ги избегнуваме ако сакаме да го зачуваме здравјето на мозокот.
„Шеќерот е лош за мозокот бидејќи може да предизвика воспаление, кое е причина за депресија и деменција. Зголемувањето на шеќерот во крвта доведува до помал проток на крв во мозокот. Исто така, предизвикува зависност и го зголемува ризикот од развој на дијабетес“, вели д-р Амин.
Студијата објавена минатата година покажа дека фудбалерите имаат 50 проценти поголема шанси да заболат од деменција. Истражувачите од Институтот Каролинска во Шведска, ги споредија здравствените досиеја на 6.000 успешни фудбалери и повеќе од 56.000 луѓе кои професионално не се занимаваат со спорт. Тие откриле дека меѓу фудбалерите кои играат во првата шведска лига, 9 проценти имале дијагностицирана невродегенеративна болест.
„Кофеинот го стеснува протокот на крв во мозокот“, вели д-р Амин. Тој исто така додаде дека е во ред да се пие до 100 милиграми кофеин на ден.
Како и кофеинот, никотинот може да го ограничи протокот на крв во мозокот. Д-р Амен предупредува и дека времето поминато на екран го намалува и мозокот. „Времето поминато пред екраните повеќе од три и пол часа дневно го зголемува ризикот од анксиозност и депресија“, изјави тој.
Фото: Фрипик