Сингапур ќе стане прва земја на светот која ќе забрани рекламирање на нездрави пијалаци со големо количество на шеќер, за што вели дека е најнов чекор во неговата војна против дијабетесот.
„Забраната ќе се однесува на најнездравите пијалаци со додаден шеќер и ќе важи за сите видови медиуми, и печатени и електронски и интернет“, изјави министерот за здравство на Сингапур Едвин Тонг.
Тој додаде дека одлуката била донесена по консултациите со јавноста во вид на анкета.
На удар на новиот закон ќе биде рекламирањето на газирани пијалаци, сокови, јогурти и инстант кафиња. Исто така, на пакувањето на сите овие пијалаци ќе мора јасно да биде истакнато колку шеќер содржат и колку се хранливо квалитетни.
Тонг вели дека ова се само првите мерки во државните напори за справување со дијабетесот и сѐ уште е во игра целосната забрана за продажба на зашеќерени пијалаци.
Според Светската здравствена организација, луѓето кои редовно пијат една-две лименки зашеќерен пијалак на ден имаат 26% поголеми шанси за развијат дијабетес тип 2.