СПЕРМАТА МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ КАКО СРЕДСТВО ПРОТИВ БРЧКИ, СОВЕТУВА КОЗМЕТИЧАРКА НА СЛАВНИ ЛИЧНОСТИ

Лондон, (Мирор)

Потрагата по вечна младост често ги носи луѓето до разни невообичаени трикови, ритуали и производи. На пример, се верува дека кремата против хемороиди ги мазни брчките, урината од славејче е скапа состојка за креми за лице, а отсега тоа важи и за спермата.

Козметичарката на славни личности Челзи Луис открива нови тајни за тоа како лицето да изгледа помладо. Таа вели дека лицето треба 15 до 20 пати да се испрска со студена вода, пред да се нанесе шминка. Оваа практика, смета таа, го прави лицето позатегнато и посветло и така шминката ќе трае подолго време.

Луис советува дека луѓето треба да ја користат спермата во нивните навики за убавина. Спермата е полна со антиоксидантно соединение спермин, кое може да помогне во борбата против брчки.

„Со користење на спермата од партнерот како маска за лице, може да си го заштитите лицето од појава на акни и црнки и да ја измазните кожата“, вели Луис.