ТИНЕЈЏЕРИТЕ СÈ ПОВЕЌЕ ИЗБЕГНУВААТ СЕКС И АЛКОХОЛ И ИЗБИРААТ ОБРАЗОВАНИЕ, ПОКАЖА БРИТАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

Лондон, (Би-Би-Си)

Тинејџерите сè помалку се решаваат да имаат секс и избираат да поминуваат повеќе време со семејството и на романтични врски преку интернет, покажа едно британско истражување.

Тоа опфати 1.000 тинејџери на возраст од 16 до 18 години и покажа дека тие, исто така, денес помалку пијат алкохол.

Според Британското советувалиште за бременост (БПАС), на овој начин може да се објасни постојаното намалување на бројот на тинејџерски бремености во Велика Британија од 2007 година наваму.

Две третини од тинејџерите изјавиле дека никогаш немале секс, а 24% дека не пробале алкохол. Извештајот на БПАС кажува дека сегашната генерација тинејџери е почувствителна, пофокусирана на образование и гледа да избегне рана бременост.

Повеќе од 80% од испитаниците кажале дека имаат добри оценки и дека бркање кариера им е врвен приоритет. Исто така, 68% рекле дека повеќе сакаат да поминуваат време со семејството отколку со пријатели.

Од друга страна, тинејџерите, во просек, дневно поминуваат пет часа на интернет, што не е поврзано со учењето, при што 70% од нив на овој начин комуницираат со свои пријатели и така избегнуваат да бидат сексуално активни.