НЕ МОЖАМ ДА ЈА СТИГНАМ СЕРЕНА КОГА ВЕЖБАМ, БАРЕМ ДА ЈА ИМПРЕСИОНИРАМ, ВЕЛИ АЛЕКСИС ОХАНЈАН

Њујорк, (Менс хелт)

Многумина машки наоѓаат разни изговори да ја избегнуваат теретаната, но Алексис Оханјан не е еден од нив.

Но, не било отсекогаш така. Во првите 34 години, коосновачот на Редит му даваше предност на бизнисот. Тој се гордеел со способноста дека може да функционира со минимум сон и со постојано гледање во компјутер.

Но, за време на ланскиот Австралија опен, кога тој и неговата сопруга, една од најтрофејните светски тенисерки Серена Вилијамс, дознале дека ќе бидат родители, одлучил дека е време конечно да преземе нешто за своето здравје.

„Мојот прв чекор беше одење до салата во хотелот, во кој престојувавме во Мелбурн. Почнав со вежби со сопствена тежина. Ги сакав вежбите за сила, бидејќи се многу ефикасни. Долго време бев антикардио тип, бидејќи ми е тешко да останам фокусиран (ха ха). Пробав сѐ, дури и апликација која овозможува да се преправате дека има зомбија што ве бркаат“, откри Оханјан.

Оханјан вежба со личен тренер, а последниов период, тренингот го започнува и завршува со десет минути кардио вежби, потоа вежби со сопствена тежина, а понекогаш вклучува и машини.

„Кога првпат ќе ги видам стомачните мускули, ќе наздравам со ‘Џони Вокер’“, вели Оханјан

„Му реков на тренерот, не можам да ја стигнам Серена, но барем да ја импресионирам“, се смее тој.

На прашањето дали резулатите се видливи, Оханјан одговори: „Треба да ја прашате мојата сопруга за тоа“.

Брачната двојка понекогаш заедно оди во сала, особено кога патуваат, но не вежбаат во тандем.

„Таа е премногу сериозна за да работи со мене. Флертувам со неа од другата просторија“, рече Оханјан.

Негова цел се цврсти стомачни мускули.

„Кога првпат ќе ги видам стомачните мускули, ќе прославам со ‘Џони Вокер’“.