Британското студио за дизајнирање храна „Бомпас енд Пар“ го направи првиот сладолед на стапче што не се топи. За разлика од стандардниот сладолед, изумот може да остане целосен еден час до температура од 24 степени.
Студиото од Лондон прилагоди стар рецепт за многу цврст мраз, кој го разви англискиот изумител Џефри Пајк за време на Втората светска војна, за да им помогне на вооружените сили. Неговиот изум бил материјал кој е комбинација од пилевина и кора од дрво, рамномерно распоредени во вода, а потоа замрзнати. Супстанцата која се добила е многу цврста.
„Бомпас енд Пар“ ја направија нивната верзија на сладоледот со замена на пилевината и кората со овошни вкусови.
Сладоледот што не се топи ќе биде претставен следната недела, на изложба за развој на сладоледот во Британскиот музеј за храна, каде посетителите само еден ден ќе може да го пробаат.