Дури и без покана за свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, сепак можете да уживате во парче од свеченоста со правење на оваа торта од лимон и бозел.
Изборот на свадбената торта на кралската двојка е одраз на стилот на нивната врска: современ, неконвенционален и забавен.
Според палатата Кенсингтон, тортата е слика на светлите вкусови на пролетта, направена е со органски состојки, па дури и украсена со свежо цвеќе.
Слаткарката од Калифорнија, Клер Птак, која раководи со „Вајолет кејкс“ во Источен Лондон, беше избрана да ја направи кралската торта, која е голема спротивност од традиционалната овошна торта што се служела на изминатите кралски свадби.
Бозелот е традиционален викторијански вкус, кој повторно стана модерен. Цветовите се собираат во пролет, а од нив се прават сокови, сирупи и ликери.
Потребни состојки (за 12 парчиња):
За корите:
300 гр брашно, две лажички прашок за пециво, 300 грама путер, 300 грама шеќер во прав, три супени лажици сируп од бозел, пет јајца
За сирупот со лимон и бозел:
4 супени лажици сируп и ликер од бозел, кора од 2 лимони
За горниот фил: 280 грама шлаг, 130 грама путер отстојан на собна температура, кора од 1 лимон, 1-2 лажици млеко, 1 лажица ликер од бозел.
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Брашното и прашокот за пециво измешајте ги во голем сад.
- Во друг сад, направете кремаста смеса од путер, шеќер и сируп, да добие бледа боја, потоа додадете ги јајцата едно по едно.
- Ставете ја смесата од брашно и пециво во смесата со путерот.
- Подмачкајте две тави од 20 сантиметри и поставете ја основата на хартија за печење. Поделете го тестото рамномерно на двата калапи и печете ги 25-35 минути
- Направете го сирупот со комбинирање на сирупот од бозел, ликер и кора од лимон. Ако не користите ликер, тогаш ставете двојно количество сируп.
- Кога ќе бидат готови корите, пресечете ги по средината за да направите четири слоја. Поминете ги сите страни со сирупот и оставете ги 20 минути да ја впијат течноста.
- За да го направите филот, измешајте ги путерот и шлагот со миксер, додека не добие светла боја, а потоа додадете го ликерот. Продолжете да мешате сѐ додека не се добие бледа боја и погуст состав. Со додавање на повеќе шлаг или млеко се добива саканата густина.
- Намачкајте шлаг на корите и поставете ги една во друга. На крај, намачкајте ја целата со филот и оставате ја во фрижидер 25 минути.
- Украсете ја тортата со големи цветови и ливчиња.