Многумина немаат време, ниту пак талент да подготват вечера за пријателите. Ќе бидете изненадени дека неколку мали совети можат да ви помогнат гостите да бидат воодушевени од тоа како сте ја подготвиле забавата.
1. Згответе го она што е ваш специјалитет
Згответе нешто што најдобро го правите. Немојте да готвите нешто по прв пат. Нема потреба да готвите ниту кинески специјалитети за кои што не сте сигурни ниту како се изговараат, а сте чуле за нив барајќи рецепти на Гугл.
2. Избегнувајте ги тешките чинии
Не ставајте тешки и масивни чинии. Внимавајте чиниите и приборот да одговараат на храната која ќе ја служите.
3. Добро испланирајте го времето
Добро испланирајте го времето за подготовка на вечерата. Не подготвувајте рецепти кои цела вечер ќе ве задржат во кујната. Немојте ниту да готвите во последен момент.
4. Користете сезонски производи
Поставите специјалитети кои се подготвуваат со сезонски производи. Не само што е поевтино туку и вкусот е многу подобар.
5. Десерт мора да имате
Вашите гости ќе очекуваат да им понудите и десерт. Доколку немате време да подготвите нешто благо, тогаш купете сладолед или ситни колачиња.
6. Посебен впечаток
Домашно подготвен сос или намас, може да остави посебен впечеток кај гостите. Затоа потрудете се на вашата маса да го таков додаток.