25-ГОДИШНИОТ МАКСВЕЛ ФРОСТ ВЛЕГУВА ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС КАКО ПРВИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА З

Флорида, (Би-Би-Си)

Дваесет и петгодишниот Максвел Фрост ќе стане првиот претставник на генерацијата З кој бил избран во американскиот Конгрес, откако освои најмногу гласови во својот изборен округ во Флорида.

Неговата победа не е неочекувана, имајќи предвид дека во кампањата се фокусираше на оруженото насилство, климатските промени, правото на абортус и проширувањето на здравствената грижа, теми кои ги привлекуваат помладите гласачи.

„Испишавме историја за Флорида, генерацијата З и за сите оние кои веруваат во подобра иднина“, изјави Фрост, кандидат на Демократската партија.

Тој почнал да се занимава со активизам по убиството на 26 луѓе во основното училиште „Сенди Хук“ во Конектикат во 2012.

Генерацијата З вообичаено ги опфаќа оние родени меѓу 1997 и 2012 година, па ова беа први избори на кои што тие можеа да се кандидираат за Претставничкиот дом.

(Фото: Гети)