Како една од најчестите фобии, аерофобијата погодува повеќе од 25 милиони возрасни луѓе во САД, според Клиниката во Кливленд. Најчесто ги погодува луѓето на возраст од 17 до 34 години, „време во животот кога се случуваат значајни промени, како што се дипломирање, брак или породување“, велат докторите од Клиниката. „Луѓето можеби се исплашени дека летањето им го загрозува животот во толку важен момент. Речиси секој човек помислил: ‘Ох, мојот авион доцни“, рече д-р Гејл Салц, вонреден професор по психијатрија на Медицинскиот колеџ Веил Корнел во Њујорк.
„Анксиозноста пред летот е само вознемиреност. Но, дијагностички, постои дефиниција за аерофобија, а луѓето со неа имаат групи на симптоми. Постојат физички симптоми: забрзано чукање на срцето, потење, треперење, вртоглавица, гадење, отежнато дишење, болка во градите или повраќање. Се случува луѓето да го откажат летот во последен момент поради нивната паника или да одлучат да патуваат со воз многу повеќе часови. Некои откажуваат одмор или службени патувања и постојано да бараат уверување за безбедноста на патувањето од други луѓе“, вели д-р Салц.
Тие симптоми може да се појават дури и една недела пред летот или во кој било момент кога се во авионот. За анксиозноста од летот да се смета за фобија од летање, овие симптоми треба да постојат шест месеци или повеќе. Салц додава дека луѓето кои бараат стручна помош обично имаат исцрпувачка фобија.
„Понекогаш тоа е страв да се биде во затворен простор во воздух и да не можеш да излезеш. Тоа може да биде страв од височина, од полетување, слетување, грмотевици или турбуленции. Сите мислат дека сте преплашени дека авионот ќе се урне, но тоа е само мал број фобиите од летање“, додава Салц.
Кога луѓето ќе го избегнат летот чувствуваат олеснување велејќи си: „Ова беше добра работа. Ја избегнав опасноста. Сега се чувствувам подобро“.
Според д-р Салц, фобиите генерално се една од најчестите состојби на менталното здравје и тие се излечивии најчесто со терапија на која се учат техники за релаксација.
Фото: Гети