Енди Мекдоналд има тимски колеги помлади од неговиот син додека се подготвува за своето олимписко деби во Париз, каде што ќе биде највозрасниот скејтбордер. Сепак, тој смета дека на 50 години може да ги научи по некој трик.
Таткото на три деца пред неколку дена беше вклучен во британскиот олимписки тим, заедно со 15-годишната светска првенка Скај Браун и 16-годишната Лола Темблинг. Првиот машки британски скејтбордер на ОИ вели дека не му пречи разликата во години, но е изненаден што стигнал толку далеку.
„Изгледа нереално. Никогаш не мислев дека навистина ќе се квалификувам за Олимписки игри. Кога го почнав овој процес пред две и пол години, тоа повеќе беше експеримент за да видам дали можам да се натпреварувам со тинејџери“, вели Мекдоналд.
Професионалец од 1994, тој е рекордер во бројот на освоени медали во вертикален скејтбординг на Икс игрите, на кои што се натпреваруваше против легендарните Тони Хок и Шон Вајт.
„Имам кариера која трае неколку децении подолго од она што го очекував и неверојатно е што ќе можам да одам во Париз заедно со сопругата и децата“, кажа Мекдоналд, кој има близначки од 14 и син од 18 години.
(Фото: Гети)