Британската поп ѕвезда Адел се разведува од сопругот Сајмон Конеки, потврдија нејзини претставници.

„Адел и нејзиниот партнер се разделија. Тие се посветени заеднички да го одгледуваат нивниот син во голема љубов. Нема да има натамошни коментари“, стои во соопштението.

Адел, која го роди синот Анџело во 2012, никогаш не зборувала јавно за својот приватен живот, а дека се омажила за Конеки, потврди на доделувањето на Греми наградите во 2017 година, кога му се заблагодари на „својот сопруг“. Адел и 15 години повозрасниот Конеки беа заедно од 2011, а се венчаа во 2016.

Почнувајќи од 2008 година, Адел досега има издадено три албуми и сите три беа на првото место на британската топ-листа. Таа во март беше видена како влегува во музичко студио во Њујорк, што ги поттикна шпекулациите за нов албум по четири години пауза.